Болести ви се закануваат според крвна група

1784

Крвна група А – подолго плодни, но и склони кон алкохол

Носителите на оваа група имаат поголем ризик за рак на желудникот. На жените со крвна група А со тек на време најмалку им се намалува бројот на јајце клетки, па е поверојатно дека можат да забременат и на постара возраст. Но исто така имаат и поголем ризик за настанување рак на желудник, особено ако пушат и често пијат алкохол. Постои и врска меѓу крвната групла А и склоноста кон алкохолозмот, но и опсесивно компулсивни пореметувања.

Крвна група Б – поголем ризик за чир, но и подобар метаболизам

Луѓето со оваа крвна група имаат поголем ризик од проблеми со помнење, па дури и сенилност и Алцхајмерова болест на постара возраст. Исто така посклони се кон настанување на чиреви и воспаленија предизвикани од бактерии поради забавениот имунолошки одговор на инфекција. Сепак, тие имаат и побрз метаболизџам, полесно ги обликуваат мускулите и подобро реагираат на телесните вежби.

Крвна група 0 – помал ризик од инфаркт, но и помала плодност

Овие луѓе имаат за една четвртина помал ризик од срцев удар и рак на желудникот. За жените со оваа крвна група веројатно е дека имаат помал број и полош квалитет на јајце клетки, поради што нивните можности за зачнување се помали. Добра работа е што носителите на О крвна група се поприлично отпорни на стрес – по трауматичните случки кај нив нивоата на кортизолот, хормонот за стрес најбрзо паѓаат.

Крвна група АБ – склони кон инфаркт, но со подобар вид

Жените со оваа крвна група имаат поголем ризик за настанување на рак на јајници, а трудниците со група АБ имаат поголем ризик за развивање состојба на висок крвен притисок – прееклампсија. Припадниците на оваа група имаат поголем ризик од срцеви болести и инфаркт, но и проблеми со варењето, како што се хроничен гастритис. Сепак, тие студии покажуваат дека кај нив по трауматичните случувања нивоата на хормонот кортизол остануваат подолго постојани, што ги прави помалку отпорни на стрес. Но тие се помалку склони со проблеми со видот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.