Задржете го вашиот поглед во огледалото, повеќе од миг – Кои болести ни ги открива лицето?

3364

Не гледај го огледалото како непријател, нека ти биде сојузник.

Секој човек добро го познава своето лице, бидејќи секој ден барем за кратко време ќе погледне во огледалото.

Но, ако поблиску погледнете и набљудувате, можете да видите многу повеќе од самиот изглед на лицето и да дознаете во каква здравствена состојба сте, само ако знаете што барате.

ЖОЛТЕНИКАВА КОЖА И ОЧИ

Тоа е жолтица. Настанува кога клетките на црниот дроб едноставно не можат да лачат билирубин – природен нуспроизвод кој настанува со намалување на бројот на црвените крвни клетки во црниот дроб – со онаа брзина со која што се создава.

Ако црниот дроб добро не функционира или жолчниот премин е затворен, билирубинот се акумулира во крвта. Жолтицата е честа појава и обично е безопасна кај бебињата родени пред 38 недела, бидејќи нивниот црн дроб не е доволно зрел за да функционира правилно.

Кај возрасните, жолтица, сепак, може да биде знак на посериозни состојби како што се вирусните инфекции (хепатитис, мононуклеоза), проблеми со црниот дроб, жолчното кесе или панкреасот, а може да настане и заради претерување со алкохол.

БЕМКИ

Тоа се дамки или израстоци, често темни по боја. Во повеќето случаи не мора да се грижите за нивното постоење, но треба редовно да се контролираат и проверуваат дали ја менуваат формата, бидејќи промените можат да бидат знак на опасни болести како меланомот.

За да ги следите промените кај бемката, следете ги ABCDE правилата

• А (асиметричена) Дали обликот е различен на секоја страна?
• Б (граници) Дали има нерамни, испрекинати или нејасни рабови?
• C (бои) Дали бојата се менува? Сомнителната бемка има повеќе бои и нијанси.
• D (дијаметар) Дали е поголема од зрно грашок?
• Е (еволуција) Дали изгледот се менува? Во сомнителната бемка настануваат промени во обликот, бојата и големината.

Ако одговорот е потврден за било кое од овие прашања, посетете го докторот.

ЧИРЕВИ

Продолжува на страна 2