Задржете го вашиот поглед во огледалото, повеќе од миг – Кои болести ни ги открива лицето?

3364

ЖОЛТИ ДАМКИ НА КАПАЦИТЕ

Станува збор за наталожени масти и холестерол кои се акумулираат во веѓите, а стручно име за овие жолтеникави формации е ксантелазма. Тие не се опасни ниту болни и можат да се отстранат, претежно од естетски причини, но може да укажуваат на тоа дека имате поголема шанса за болести на срцето или срцев удар, па затоа е добро да се контролира нивото на холестерол и редовно да се проверува здравствената состојба.

ОТЕЧЕНИ ОЧИ

Просторот под очите може да се наполни со течност, па тие изгледаат подуени. Поради топлината и влагата во воздухот, телото задржува повеќе вода, па тоа може да влијае и на состојбата на очите. Причината може да биде и недостаток на сон, премногу солена храна и хормонални промени. Често се јавуваат со стареење бидејќи слабеат и мускулите кои ги поддржуваат капаците. Ако очите се црвени и чешаат, тоа може да биде знак за алергиска реакција на храна, полен, шминка, мириси, средства за чистење или резултат на воспаление на очите.

МЕЛАЗМА

Продолжува на страна 6