МЕЛАЗМА

Тоа е нарушување кое главно го зафаќа лицето, се појавуваат сиво-кафеави пигментирани дамки. Лекарите не знаат точно зошто се случуваат, но може да биде предизвикано од состојбите како што се бременост или земање контрацептивни таблети. Во тие случаи, мелазмата често минува сама, по породувањето на жената или при прекинување на земање на контрацептивни средства. Во некои случаи може да трае со години, а од помош се третманите како што се хемискиот пилинг или лекови.
ПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Ако ги губите трепките или веѓите и цели прамени на влакната, тоа е знак на состојба наречена алопеција ареата. Се случува кога имунолошкиот систем погрешно ги напаѓа фоликулите на косата. Причината може да бидат хроничен стрес, психосоматски болести, болести на некои органи, инфекции … Во повеќето случаи, паѓањето престанува кога причината ќе се отстрани и косата спонтано сама се надополнува во текот на два до три месеци.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















