ОПУШТЕН ОЧЕН КАПАК

Лекарите го нарекуваат птоза или блефароптоза, а се работи за спуштање на горната веѓа на едното или на двете очи. Во потешки случаи, капачето може целосно да го блокира погледот. Тоа може да биде вродено или да настане за време на животот. Во основа, состојбата е безопасна, но, исто така, може да укажува на проблеми со нервите или мозокот. Посетете го вашиот лекар ако состојбата се јавува одеднаш и ако гледате двојна слика, слаби мускули, отежнато голтање или имате главоболка, бидејќи сето тоа може да се знаци на мозочен удар.
ПАРАЛИЗА НА ЕДНА СТРАНА НА ЛИЦЕТО

Ако не можете да поместите дел од телото, побарајте итна медицинска помош. Но, ако немате други симптоми, веројатно во прашање е Белова парализа. Никој не ја знае точната причина, но се верува дека виновникот е вирус кој го притиска нервот кој ги контролира мускулите на лицето и ги оневозможува функциите: трепкање, затворање на очите, смеење, мимика. Обично, ова не е сериозен проблем и ситуацијата се подобрува за три до шест месеци.
ПАРАЛИЗА НА ЛИЦЕ СО ДРУГИ СИМПТОМИ
Контактирајте го вашиот лекар ако забележите некој од следниве знаци:
• долниот дел од лицето одеднаш е парализирано
• чувствувате нестабилност или слабост во рацете или нозете
• неразбирливо разговарате
• имате двојна слика
• вртоглавица или проблеми со голтањето
Ова се веројатни знаци на мозочен удар.
ЖОЛТИ ДАМКИ НА КАПАЦИТЕ
Продолжува на страна 5


















