Научниците составија листа на повеќе невообичаени и ретки болести, за чие постоење многумина дури се сомневаат.
Тие можат да ви се сторат фантастични, но вистината е дека ги има и од нив страдаат исклучително малку луѓе.
Синдром Алиса во земјата на чудата
Тој е поврзан со перцепцијата на големината на околните ни предмети. Луѓето кои страдаат од овој синдром, периодично почнуваат да гледаат предметите или некои делови од своето тело помали или поголеми отколку што навистина се. Лекарите се уште не можат да објаснат од што е предизвикана слична реакција – дали од тумор во мозокот, епилепсија, или од некој вирус.
24-годишна Британка со синдромот на Алиса раскажува дека првите нејзините напади се појавиле уште на 5-годишна возраст. Жената раскажува дека во такви моменти чувствувала дека собата се намалува, а самата таа станува поголема. Сега слични напади добива еднаш годишно.
Продолжува на страна 2