Строго чувани и доверливи телеграми кои биле чувани од очите на јавноста цел еден век откриваат шокантна тајна.
Титаник потонал пред 105 години – но деталите за оваа морска трагедија која никогаш целосно не е разјаснета не престануваат да ги интригираат луѓето. Бродот потонал во ноќта од 14 на 15 април 1912 година, околу 740 километри од најблискиот брег, а првиот брод кој дошол на помош пристигнал еден час и половина по потонувањето – долго откако и последната жртва во леденото море починала.
Имено, температурата на водата изнесувала 2,2 Целзиусови степени, при која преживувањето на човекот е само 15-тина минути. Животот го загубиле 1517 луѓе, а најголеми шанси за преживување имале патниците од првата класа, се спасиле 63 проценти од нив.
На Титаник имало 20 чамци за спасување, кои вкупно можеле да примат само околу 1.100 патници – половина од оние кои таа кобна ноќ се наоѓале на бродот – но и тоа било во согласност со законските прописи на тоа време, па се сметало за доволен број.
И покрај тоа, само 700 патници успеале да влезат во чамците за спасување; повеќето од нив полупразни го напуштале бродот и скоро во секој имало слободни места.
Но, што се случило со телата?
Вистината за тоа ја кријат тајните телеграми, чии автори верувале дека никогаш нема да бидат пуштени во јавноста. Во тие телеграми е јасно дека капетанот на еден од спасувачките бродови, Mackay-Bennet, сакал да ги извлече сите тела од морето. Но, наскоро сфатил дека неговиот брод е премногу мал за 334 тела колку што пронашле.
Тогаш донесле контроверзна одлука – ќе ги исфрлат телата на најсиромашните патници, оние од третата класа, за да им остане доволно простор за оние од првата и втората класа.
Продолжува на страна 2