Понекогаш нѝ се случува нешто што правиме со најдобри намери, всушност, нѝ штети, а една таква ситуација се случува кога ги четкаме забите.
Стоматолозите предупредуваат што не треба да правиме додека ги миеме забите, бидејќи така го поништуваме ефектот на пастата за заби.
Премногу цврсто и премногу кратко четкање на забите се некои од најчестите грешки кои ги правиме при миење заби, но стоматолозите предупредуваат дека постои една, уште поголема грешка која треба веднаш да престанеме да ја правиме бидејќи го намалува, па дури и го менува ефектот на пастата за заби.
Стоматолозите предупредуваат што не треба да правиме додека ги миеме забите, бидејќи така го поништуваме ефектот на забната паста
Имено, многу од нас веднаш по четкање на забите прават гаргара со вода за устата со намера подобро да се исчисти и дезинфицира усната празнина, но всушност се добива спротивен ефект. Дознајте за 5-те најчести грешки кои ги правиме со четкичката за заби.
Тоа се случува затоа што водата за устата ги мие сите состојки на пастата за заби кои се важни за зачувување на здравјето и бели заби. Поради оваа причина, вода за устата треба да се користи најмалку еден час откако ќе ги измиете забите. Придобивката од ваквиот распоред е и таа што ги чистите забите четири пати на ден, а не двапати.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.