Науката не може да ги објасни, а од нив на одредена возраст страда и до 85% од жените

90

Механизмот на настанување топли бранови се уште не е научно објаснет, но забележано е дека ги влошува пушењето, јадење зачинета храна, топли пијалаци, кофеин, алкохол.

Промените во нивото на естрогенот го одбележува влегувањето во периодот на хормонална транзиција, а нагласените дневни флуктуации се забележуваат една година пред последната менструација и предизвикуваат многу промени – од неправилни циклуси до субјективни симптоми кои често се квантитативно немерливи и жените ги опишуваат како мали до многу сериозни. Симптомите може да траат неколку месеци, но, исто така, и околу десет години.

Незгодните бранови на топлина (валунзи), кои ги придружува чувство на ненадејна неконтролирана топлина со повеќе или помалку изразено потење, често промена на мирис, се резултат на вазомоторна нестабилност која многумина ја споредуваат со транзиторен исхемичен напад

Се верува дека 75-85 проценти од жените за време на перименопаузата и менопаузата страдаат од валунги. Вообичаено се јавуваат во текот на последната менструална година, но голем број жени се жалат на нив и по губењето на менструалните периоди. Жените чувствуваат наплив на топлотни бранови придружени со потење, црвенило на лицето и вратот со чувство на нелагодност, некои жени страдаат и од чувството на студ. Валунзите може да траат од неколку секунди до пет минути. Често се случуваат и ноќни потења.Редовните прегледи се задолжителни

Механизмот на настанувањето на топлите бранови, се уште не е научно објаснет, но забележано е дека ги влошува пушењето, јадење зачинета храна, топли пијалаци, кофеин, алкохол. Со влегувањето во хормоналната транзиција, симптомите може да бидат крајно бурни, а жените се одлучуваат да одат на лекар кога симптомите стануваат тешко подносливи. Потребно е да се вршат контроли еднаш годишно, а тоа значи редовни гинеколошки прегледи со ултразвучна проценка на изгледот на јајниците и матката и прегледи на дојките. Треба да се следат и лабораториските параметри, како и општото здравје, со посебен акцент на кардиоваскуларниот и коскениот систем.

Одењето и општата физичка активност ги зајакнуваат надколеницата и мускулниот апарат, со што се спречуваат остеопорозните промени, но во исто време, има корисен ефект врз менталното здравје со што придонесува за здравјето на целиот организам.

Одредување терапија

Несоницата и бурните вазомоторни тешкотии можат да се намалат со користење на хормонални продукти. Денес, палетата од тие производи е многу широка, дозата на синтетичките хормонални препарати е значително намалена, а особено е важно тоа што ни се познати алтернативните избори, одн. производи од растително потекло кои со своите дејства, кои е слични на дејството на синтетичките хормонски, во голема мера можат да ги намалат тешкотиите кои жените ги чувствуваат кога влегуваат во периодот на дефицит на хормони.

Во утврдување на третманот за секоја жена, особено е важен и индивидуалениот пристап. Лекарот, според тоа, треба да има увид во животните ставови, начинот на живот, психофизичката кондиција на секоја пациентка, бидејќи примената на одреден производ мора да биде во согласност со животните потреби и желбите на секоја жена

Но, пред донесување одлука за примена на било кој тип на хормонска терапија исклучително е важно редовно да се следи здравствената состојба, вклучувајќи ја и мамографијата, гинеколошките прегледи со ултразвук, интернистичката обработка и проверка на лабораториските параметри, бидејќи под парола на преземање на работите во свои раце не можете да ја затворите вратата на лекарските ординации.