Планинарите толку често минуваат покрај замрзнатите тела на загинатите по трасите така што многу тела добиле прекари и служат како патокази.
Повеќе од 200 луѓе загинале во обидот да се искачат на Mount Everest. Планината нуди навидум бескрајни можности за тоа како да се умре, од паѓање во бездна до гушење поради недостаток на кислород или да ве убие силен дожд. Сепак, и покрај сите опасности, алпинистите продолжуваат да ги тестираат своите вештини и среќа, во совладување на Mount Everest.
Алпинистите минуваат покрај замрзнатите, зачувани тела на загинатите по патеките на Еверест толку често што многу тела добиле прекари и служат како маркери на патеките. Еве неколку приказни за кои пишува Altered Dimensions.
Green Boots стана познат патоказ
Телото на Green Boots, индиски алпинист кој починал во 1996 година и се верува дека е Tsewang Paljor, лежи во близина на една пештера што сите алпинисти мора да ја поминат на патот кон врвот. Green Boots служи како патоказ што алпинистите го користат за да проценат колку се оддалечени од врвот. Алпинистот Green Boots загинал кога се разделил од својата група, побарал засолниште во пештера, но безуспешно. Седел на студот сѐ додека не умрел.
Во 2006 година, англискиот пејач David Sharp загинал исто како Green Boots. Застанал кај озлогласената пештера за да се одмори. Неговото тело е пронајдено смрзнато, смрзнувајќи се, иако сѐ уште жив, не можешл да се движи. Повеќе од 40 алпинисти поминале додека седел неподвижно и вкочането. На сите им се чинело дека веќе е мртов. На крајот, некој слушнал слаби стенкања, и додека сфатиле дека е жив било предоцна. Му дале кислород и му помогнале да стане, но не успеале, пишува Smithsonian.

Сопругот починал во потрага по телото на својата сопруга
Francys Arsentiev е првата Американка која 1998 година се искачила на Mount Everest без помош на кислород, но алпинистите не го препознаваат ова како успешно искачување бидејќи таа не успеала да се спушти од планината.
По тешкото ноќно патување до кампот, нејзиниот сопруг забележал дека исчезнала. И покрај опасностите, тој се вратил да ја бара. На враќање се сретнал со група узбекистански алпинисти кои му рекле дека се обиделе да и помогнат на Francys, но морале да ја напуштат бидејќи им снемало кислород.
Следниот ден, другите двајца алпинисти ја пронашле Francys, која сѐ уште била жива, но во многу лоша состојба за да можат да ја преместат. Секирата и јажето на нејзиниот сопруг биле во близина, но него го немало никаде. Francys починала таму каде што ја нашле, а следната година алпинистите го решиле исчезнувањето на нејзиниот сопруг. Неговото тело е пронајдено пониско на планинскиот венец каде што тој паднал во смрт.



















