Американска зоолошка градина почна со вакцинирање на животните против корона

1321

Видовите кои се најзагрозени се приматите, големите мачки како што се лавовите, тигрите и снежните леопарди, видри …

Американската зоолошка градина New England, организацијата која управува со зоолошките градини Stone и Franklin Park, започна да ги вакцинира своите животни против ковид, се наведува во вчерашното соопштение, како што објави boston.com.

“Иако немаме ниту еден случај на ковид кај животните во нашите зоолошки градини, оваа вакцина е важна превентивна здравствена мерка за заштита на видовите подложни на вирусотот“, вели д-р Chris Bonar, ветеринар во Одделот за заштита на животни во Зоолошката градина New England.

Кои видови се најзагрозени

Според нив, видовите што се најмногу изложени на ризик се приматите, големите мачки како лавови, тигри и снежни леопарди, видри …

Овие видови прво ќе бидат вакцинирани. Зоолошката градина New England предвидува дека вакцинацијата на сите загрозени животни ќе трае три до четири месеци. Вакцината против ковид е развиена од Zoetis и вклучува две дози со разлика од четири недели, слично како кај луѓето.

Зоолошката градина New England ги следи инфекциите со ковид кај животните и постојано спроведува мерки за носење маски, социјална дистанца и употреба на заштитна опрема.

„Од почетокот на пандемијата, ние сме во тек со најновата научна литература за чувствителноста на животните и сме во контакт со други ветеринари од други институции акредитирани од Здружението на зоолошки градини и аквариуми“, се вели во соопштението.

Не очекуваат несакани ефекти

Zoetis, најголемиот светски производител на вакцини за домашни миленици и добиток, донирал повеќе од 11.000 дози вакцина на скоро 70 зоолошки градини за 110 видови.

„Не очекуваме несакани ефекти од вакцината“, рече Bonar, „ниту пак се забележани во другите зоолошки градини. Внимателно ќе следиме сѐ што се случува во потрага по било какви знаци на реакција“.