Зимско сметање на времето во 2021 година | Кога се поместуваат сказалките на часовникот?

3932

Последната недела во октомври, започнува зимското сметање на времето во Македонија.

На 31.10. во 3 часот наутро треба да ја вратиме сказалката на часовникот еден круг наназад, со што добиваме еден час.

За укинувањето на часовникот се дискутираше минатата година, а моментално се носи одлуката сите членки на ЕУ до оваа година да одлучат дали сакаат да го задржат летното сметање на времето. Како што стои ситуацијата во моментов, сепак ќе треба да го поместуваме часовникот оваа зима, но можно е и ова да се промени.

Иако промената на времето е во принцип корисна за заштеда на енергијата во текот на летото, очигледно има повеќе недостатоци отколку предности.

Поместувањето на часовникот отсекогаш бил избор за секоја држава – не постои закон што вели дека часовникот мора да се помести. Во моментов, повеќето европски земји и скоро цела Северна Америка го поместуваат часовникот двапати годишно, додека остатокот од светот се откажал од поместување на часовникот или никогаш не го ни поместиле.

Сина – земји кои го поместуваат часовникот двапати годишно

Црвена – земји кои никогаш не го поместиле часовникот

Портокалова – земји кои го укинале поместувањето на часовникот

Зошто воопшто го поместуваме часовникот?

Првиот човек што предложи промена на времето е Benjamin Franklin во 1784 година, бидејќи бил фрустриран од губењето на дневната светлина во летото. Неговата идеја не оживеала во тоа време, дури кон почетокот на 20 век е прифатена од Германците. Во тој период, енергијата заштедена со поместување на часовникот не била мала работа – ниту еколошки ниту финансиски.

Зошто го откажуваме поместувањето на часовникот ако заштедува енергија?

Поместувањето на часовникот е откажано првенствено од здравствени причини; повеќе истражувања наведуваат дека поместувањето на часовникот промовира стрес, несоница и срцеви заболувања. Едно истражување ни кажува дека дури и бројот на сообраќајните несреќи во САД е зголемен за 6% во рок од една недела од пролетното поместување на часовникот. Исто така, поместувањето на часовникот значело многу повеќе во минатото кога станува збор за заштеда на енергијата. Еден час нема значително да влијае на потрошувачката, како што можело некогаш со застарените и поскапи извори на енергија.

Дали е точно летното или зимското време?

Во принцип, зимското време е правило – во зимско време, на пладне сонцето е највисоко на небото. Општо е прифатено дека зимското сметање на времето е точно, иако здравствените проблеми при поместување на времето се почести кога се менува во зимско време. Не би било изненадувачки Македонија да се одлучи за летнотото сметање на времето, бидејќи сѐ уште сме туристичка земја, а во тој случај, најголемиот проблем за луѓето ќе биде да стануваат во зима по темница.