Речиси 90 отсто од родителите повремено им викаат на своите деца и сметаат дека тоа не е штетно за нив, за разлика од физичкото казнување, покажува едно истражување
Но експертите тврдат дела дерењето на детето дејствува како и ќотекот и влијае врз неговиот емоционален развој.
Строгото воспитување на родителите може да предизвика депресија кај децата и проблематично однесување.
Дерењето секако не е добро за односот меѓу родителите и детето, бидејќи на тој начин детето добива впечаток дека не вреди и најчесто е несигурно и му недостига самодоверба.
Кога станува збор за тинејџерите, според истражувањето, дерењето го зголемува ризикот од проблематично однесување, но исто така и раздразливоста, лажењето, кражбите или бегањето од училиште.
Освен тоа, со лутината и фрустрацијата доаѓаат и псовките и навредите.
Понекогаш е добро да се покажат емоции, но по „експлозијата“ потребно е на детето да му се укажат последиците, кои ќе ги сноси доколку не ве послуша. Во спротивно залудно сте викале.
Добрата страна на однапред познатите дисциплински мерки е да го научите детето пред се да биде искрено и чесно, но и доследно.
Препознајте дали децата ве тестираат…
Важно е да има на ум дека децата често пати ги испитуваат границите на толеранција и ги предизвикуваат родителите за да ја „тестираат“ нивната воздржаност.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување



















