Дали ќе можеме да патуваме низ времето? Физичар на работ на големо откритие

1990

Студентот по физика Жермен Тобар смислил математички модел што може да ги реши парадоксите на патувањето низ времето, пишува порталот „Unexplained Mysteries“.

Патувањето низ времето е технологија која отсекогаш била централен копнеж за научна фантастика. Сепак, многу нерешливи парадокси произлегуваат во оваа идеја.

Замислете да патувате низ времето на време да спречите смртоносна болест. Меѓутоа, што ако се вратете во минатото, а не можете да ја спречите болеста?!

Germain Tobar

Студентот по физика Жермен Тобар од Австралија смета дека смислил математички модел за да ги заобиколи овие парадокси.

Според него, простор-времето е способно да се прилагоди на настаните што воопшто не се случуваат. Во горенаведениот пример, ова може да се манифестира така што болеста да се појави и покрај напорите да се запре со враќање во времето, дозволувајќи му да постои како неизбежен настан.

Класичната динамика ни кажува дека ако ја знаеме состојбата на системот во даден момент, тој може да ни ја каже целата нејзина историја, вели Тобар.

Сепак, теоријата за релативност на Ајнштајн предвидува постоење на временска јамка или патување низ времето – каде што може да се случи настан и во минатото и во иднината – теоретски, со што се претвора класичната динамика „наопаку“.

Се разбира, ова е целосно хипотетичко. Останува да видиме дали е можно остварливо патување низ времето.