Да се има сини очи е навистина реткост во Индонезија, но дури и ако ја „поседувате“ оваа боја, каква што нема ни на небото!

Луѓето на сликата не се од друга планета, ниту ги направил Бог во лабораторија, тие се дел од Бутони, народ населен на еден од индонезијските острови, Сулавеси, кои се родени со различни наследни генетски кодови во споредба со неколкуте други милијарди на Земјата.

Бутоните имаат Варденбург синдром, кој се карактеризира со неверојатно сино око, но и рано губење на слухот, како и далеку побавна перцепција по 50-та година од животот.

Бутоните ги открил геологот и аматерскиот фотограф, Корчној Пасарибу од Индонезија, кој ги фотографирал во регионот на југоисточен Сулавеси.

Тој побарал од некои членови на племето Бутони да ги фотографира, а кога видел дека не им пречи, направил феноменален колаж од фотографии.



















