Истражувачи од Хелсинки развиле техника со чија помош компјутерот моделира визуелна перцепција набљудувајќи сигнали од човечкиот мозок.
Всушност, може да се каже поедноставно вака – компјутерот се обидува да ги прочита човечките мисли, пренесува sciencedaily. Техниката комбинира природни човечки одговори и можноста на компјутерот да создаде нови информации.
Во експериментот, од учесниците било побарано да погледнат слики создадени од компјутер, а откако луѓето одговориле, компјутерот создал нова слика заснована врз тие повратни информации, според сигналите добиени од испитаниците.
Затоа, компјутерот може да создаде сосема нова слика што одговара на човечката намера, односно мислење, вели Туука Руосало, истражувач на Универзитетот во Хелсинки и визитинг-професор на Универзитетот во Копенхаген.
Горенаведениот пример е само една од можните придобивки на оваа нова технологија. Она што би било општествено корисно е фактот дека компјутерите можат да го користат овој метод за да вметнат креативност.
„Ако сакате да нацртате или илустрирате нешто и не сте способни, компјутерот може да ви помогне во тоа. Треба само да водите сметка за какви детали сте фокусирани и да предвидите што сакате да нацртате“, вели истражувачот Мичиел Спејп.