Еве во кои ситуации треба да употребите господин, госпоѓа и госпоѓица

616

Господин е поим кој се употребува за обраќање на мажи, додека пак за обраќање на жените постојат два поими, зависно од нивната брачна состојба.

Дали некогаш сте размислувале за тоа кога треба да ги употребувате овие зборови? Што всушност престануваат господин, госпоѓа и госпоѓица?

Во денешно време поголемиот дел од луѓето го користат зборот господин, кога се обраќаат на мажи кои не ги познаваат или пак со кои не се премногу блиски. Исто така, помладите генерации на луѓето постари од нив им се обраќаат со господине.

Кога сте дел од деловниот свет, препорачливо е да го употребувате овој збор кога разговарате со своите соработници и клиенти, а особено кога пишувате имејлови и пораки. Тоа што луѓето треба да го запомнат е дека господин не е маж кој е добро ситуиран и облечен во скапи парчиња облека, туку е маж кој има добро однесување, пристоен е и добро воспитан.

Овој поим се употребува за да се покаже почит и примерно однесување, а исто така може да се употребува и за конвенционално обраќање.

Кога станува збор за госпоѓа и госпоѓица, тогаш и во тој случај поимите се користат за укажување на почит кон една дама. Сигурно сте слушнале како на некоја дама ѝ се обраќаат со госпоѓо, а таа вели дека е госпоѓица.

Поимот госпоѓо најчесто е назив за мажена жена, но и жена која е воспитана, пристојна и има добро однесување.

Госпоѓа треба да се употребува и за конценвионално обраќање, исто како и поимот господин. Сигурно и на вас често ви се случува да се обратите со госпоѓо на некоја дама која е повозрасна, на дама која не ја познавате или на дама која ја почитувате.

Кога се обраќате на дама којашто е помлада, тогаш сигурно се обраќате со госпоѓице.

Тоа е сосема во ред бидејќи госпоѓица значи млада девојка или дама која сè уште не е мажена. Госпоѓица може да се употребува и за конвенционално обраќање.

Кога имате деловни состаноци, презентации и различни настани, тогаш бидете внимателни како ги употребувате овие поими, со цел да не навредите некого или да не бидете погрешно сфатени.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.