Пет типа на фотографии со деца кои не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи

1470

Интернетот не е секогаш безбеден простор, а тоа што ќе се најде во него зависи исклучиво од родителите, кои треба да запомнат дека некои од фотографиите се наменети исклучиво за семејните фотоалбуми, а не за социјалните мрежи.

Има пет типа на фотографии кои родителите не би требало да ги објават на социјалните мрежи.

Фотографија од туѓи деца

Кога станува збор на објавување фотографии на деца на Фејсбук, на Твитер и на Инстаграм, родителите имаат различни ставови, поради што не би требало да се објавуваат фотографии од детски родендени. Можно е на некои родители да не им одговара да се објави сликата од нивното дете.

Фотографии од училиште на детето 

Училиштето често не е безбедно место како што мислат родителите. Поради тоа фотографиите од училиштето на детето треба да се сочуваат за семејниот албум и што подалеку од очите на странците и познаниците во кои родителите немаат доверба.

Фотографии на кои децата не носат облека

Причината е очигледна. Колку и да се симпатични децата за време на бањање, трчање по плажа или играњето во летните денови, постојат луѓе кои лесно би можеле да ги злоупотребат теквите фотографии.

Фотографија со цело име на детето или линк кон неговиот профил

Доколу детето е доволно големо да има профил на социјалните мрежи, непожелно е да се додава и линкот кон неговиот профил, бидејќи на тој начин може да комуницира со непознати лица.

Фотографија која детето не сака да ја видат други

Ако детето не сака на интернет да објави фотографија која не му се допаѓа, родителот не треба да ја објавува. Иако во очите на родителите децата секогаше се најубави и најуспешни, децата би можеле лошо да се чувствуваат доколку на Фејсбук биде објавена нивна фотографија на која има премногу акни или од некој натпревар кога освоило последното место.