Пет работи кои никогаш не треба да им ги кажете на своите деца

315

Во однесувањето со децата многу е важно родителот да знае дека постојат одредени зборови или фрази кои треба да ги избегнува, за да не ја повредите нивната личност.

Покрај општопознатите реченици – „Почекај додека татко ти да дојде дома“ или „Би сакала да си повеќе како твојата сестра“, постоајт и непромислени зборови кои родителите многу често ги изговараат, несвесни за лошото влијание кои ги имаат врз децата.

  1. Праксата усовршува

Точно е дека ако детето посветува повеќе време на својата работа, неговите вештини ќе станат подобри. Меѓутоа, оваа фраза може да создаде и да го засили пристисокот кај детето дека тоа мора да победи.

– Со тоа испраќаме порака дека ако детето направи грешка тоа значи дека не вежбало доволно, што кај детето предизвикува вознемиреност и разочараност, изјави др.Џоел Риба.

  1. Добар си

Кога детето ќе падне и се повреди и почне да плаче поголем дел од родителите го уверуваат детето дека не е тешко повредено. Но, треба да внимаваат на таквите зборови бидејќи детето може да се чувствува уште плошо. Родителот има задача да му помогне на детето да разбере и да се соочи со своите емоции. Обидетете се да го прегрнете, да ги поддржите неговите чувства.

  1. Нема десерт ако се не изедеш

Кога родителот ја користи оваа фраза го намалува уживањето на детето во оброкот, а во исто време му обрнува внимание на десертот, што е спротивно од она што сакал да го постигне, изјави др. Дејвид Лудвиг од Центарот за превенција во Бостонската детска клиника. Тој наведува дека родителот треба да каже „прво ќе ручаме, а потоа ќе имаме десерт“.

  1. Јас сум на диета

Ако внимавате на својата тежина детето не треба тоа да го забележи, бидејќи ќе развие нездрва слика за своето тело, истакнува др. Марк С. Џејкобсон, професор по педијатрија и епидемологија на Насау Универзитетот на Медицинскиот центар во Њујорк. Подобро е да каже „јас јадам здраво бидејќи така многу добро се чувствувам“.

  1. Не можеме тоа да си го дозволиме

Тоа е најчест одговор кога детето бара да му се купи нова играчка. Експертите предупредуваат дека со родителите со таа фраза му покажуваат на детето дека немаат контрола над своите финансии, што може да биде застрашувачко за него, посочува Џејн Пери, авгор на книгата „Деца и пари“.