Ова се државите со највисоки луѓе во Светот

1841

Факторите кои можат да влијаат на тоа колку некој народ генерално ќе биде висок се животната средина и генетските предиспозиции.

Благодарение на генетиката и на исхраната, највисоките луѓе живеат во Европа.

10. Луксембург – 179,99 сантиметри

Просечната висина на мажите и жените во Луксембург е на десеттото место, а бидејќи на гените и на хормоните на растот во детска возраст може да влијае исхраната, во таа земја се промовира доењето, за бебињата да бидат здрави и високи од мали.

9. Словенија – 180,3

Словенија е позната по големиот број луѓе кои се многу повисоки од просекот. Можно е да се работи за генетска предиспозиција, но значајна улога би можел да има и фактот дека Словенците јадат многу месо и протеини.

8. Чешка – 180,31

Една од теориите кои би ја објасниле импресивната висина на Чесите е дека главниот фактор кој влијае на сантиметрите ни помалку ни повеќе е економската еднаквост.

7. Хрватска – 180,5

Уште една земја во подножјето на Динаридите што дефинитивно ја потврдува тезата дека генетскиот фонд во оваа област е заслужен за високото население. Од Хрватска, а особено од Далмација, доаѓаат голем број високи спортисти.

6. Германија – 181

Исхраната на Германците е позната по големата количина пиво и колбаси и не само што е богата со протеини, туку и со големи количини масти и шеќери. Многуте млечни производи, компирите и месото сигурно одиграле голема улога.

5. Србија – 182

Комбинацијата на словенските и медитеранските гени, но и доминантно динароидниот облик на главата се сметаат за важни фактори за висината кај Србите. Занимавањето со спорт од мали нозе и оброците богати со млечни производи и протеините од месо исто така имаат значајна улога, особено кога ќе се земе предвид дека Србите сакаат обилно да вечераат.

4. Норвешка – 182,4

Со оглед на тоа што викинзите биле меѓу највисоките луѓе на светот, Норвежаните не заостануваат зад своите предци. Норвешката исхрана се занова на протеини кои даваат сила, а важна улога е квалитет за животот и друштвената динамичност.

3. Данска – 182,6

Данците се познати по белиот тен, но и по тоа што се најбогатата нација во Европа, што можат да бидат значајни фактори за висина.

2. Црна Гора – 183,2

Црна Гора исто така припаѓа на областа на Динарските планини со пријатна клима и чист планински воздух. Црногорската кујна е мешавина на вкусови и е доволно нутритивно богата. Многу важен фактор е секако генетскиот фонд.

1. Холандија – 183,8

Највисоки се Холанѓаните, благодарение на, како што потврдила СЗО, квалитетот на живот и добрата исхрана која се заснова на млечини производи и морска риба. Во земјата на лалињата има толку високи луѓе што постои организација која ги застапува.