Овој млад човек го ризикувал својот живот за да ги спаси животните од пожар | Видео

544

Patrick Boyle ги шокира сите кога од улога на ловец преминал во улога на спасител на кутрите австралиски животни.

Младиот ловец стана херој откако одбил да се евакуира од областа на шумите каде што беснееле пожарите. Спасувајќи повредени, исплашени и дехидрирани животни тој го ризикувал својот животот.

Фотографијата на Patrick како во рацете држи коала во изгорената шума кружи на социјалните медиуми. Тој вели дека досега спасил девет коали, а се започнало откако неговиот колега под цистерната пронашол застрашена и дехидрирана коала.

По ова, не размислувал многу за неговата мисија. Покрај спасените и повредени животни, Patrick видел десетици од нив кои едноставно не успеале.

Во интервјуто за „Today Show“, изјавил дека е свесен што изненадил многумина со своето дело.

„Јас сум ловец. Јас сум последната личност за која некој би помислил дека ќе им помогне на животните. Но, фармерите и ловците се оние кои работат најмногу на тоа“.

Patrick Boyle. Local hunter turned koala hero

A man from the fire-ravaged town of Mallacoota in Victoria is being hailed a hero for his solo mission to pluck wildlife from charred forests

Gepostet von Patrick Boyle the Koala hero am Dienstag, 7. Januar 2020