Откриено “тајно оружје” со кое мажите можат да го намалат ризикот од заразување со малигно заболување

969

Овие резултати би можеле да се искористат во креирањето на политиката за јавно здравје, според научниците.

Мажите кои џогираат, пливаат или возат велосипед можат да го намалат ризикот од девет типа на рак, покажува новото истражување, пишува dpa.

Истражувачите откриле дека мажите со добра кардиореспираторна кондиција имаат многу помала веројатност да развијат рак на главата и вратот, желудникот, панкреасот, црниот дроб, цревата, ректумот, бубрезите, белите дробови и хранопроводникот.

Кардиореспираторната кондиција се однесува на способноста на една личност да прави аеробни вежби, како што се трчање, возење велосипед и пливање подолги периоди.

Новата студија, објавена во British Journal of Sports Medicine, вклучува резултати собрани од експерти од Шведска следејќи повеќе од еден милион мажи кои во просек имале 33 години.

Учесниците служеле воена служба во Шведска помеѓу 1968 и 2005 година.

На почетокот на регрутирањето, мажите биле подложени на серија тестови кои проценувале повеќе фактори, вклучувајќи ја нивната висина, тежина, крвен притисок, мускулна сила и кардиореспираторна кондиција.

Во текот на периодот на следење, околу 84.000 развиле рак.

Истражувачите откриле дека мажите со повисоко ниво на кардиореспираторна кондиција во споредба со оние со пониски нивоа имале:

  • 19 проценти помали шанси за развој на рак на главата и вратот.
  • 39 отсто помали шанси за развој на рак на хранопроводникот
  • 21 отсто помали шанси за развој на рак на желудникот.
  • 40 отсто помали шанси за рак на црниот дроб.
  • 18 отсто помали шанси за развој на рак на дебелото црево и 5 отсто помали шанси за развој на рак на ректумот
  • 20 отсто помали шанси за развој на рак на бубрези.
  • 42 отсто помали шанси за развој на рак на белите дробови.
  • 12 отсто помали шанси за развој на рак на панкреасот.

Овие резултати би можеле да се користат во креирањето на политиките за јавно здравје, дополнително зајакнување на поттикот за промовирање на интервенции насочени кон зголемување на [кардиореспираторната кондиција] кај младите, напишале авторите.

Истражувачите откриле дека повисоката кардиореспираторна кондиција е поврзана со благо (7 отсто) зголемен ризик од рак на простата и 31 отсто поголем ризик од рак на кожата.

Претходна студија која го испитувала истиот збир на податоци сугерира дека малото зголемување на ризикот од рак на простата не е поврзано со повисока стапка на агресивен рак на простата или смрт од рак на простата и може да се припише на поголем број на прегледи.

Авторите сугерираат дека повисоката стапка на рак на кожата може да се објасни со поголема изложеност на УВ зрачење.