Британската компанија Robotiz3d претстави автономно возило за поправка на асфалт. Со помош на АI (вештачка интелигенција), тоа ќе ги идентификува оштетувањата – дупки и пукнатини – и ќе ги „крпи“ на самото место.
Електричното возило, мешавина од тенк и багери, ќе донесе револуција во системот за одржување на патиштата, сметаат експертите.
Се очекува да се преземе акција следната година, и да се намалат трошоците на владата за поприлично гомели суми, пренесува „The Daily Mail“.

Безбеден и квалитетен
Новата технологија ќе го забрза одржувањето и ќе ги намали трошоците. Патиштата ќе бидат побезбедни и поквалитетни, рече д-р Себастијан Фич, технички директор на Robotiz3d.
Роботот самостојно ќе „крстари“ по патиштата и ќе открива штети. Податоците ќе бидат испратени до седиштето, каде ќе бидат донесени понатамошни одлуки. Во случај на големи проблеми, специјализирани тимови ќе бидат испратени на терен.
Ако штетата е мала, машината ќе ја поправи за кратко време, со нанесување тенок слој асфалт.



















