Помош во воспитувањето | 10 работи кои треба да престанете да им ги зборувате на своите деца!

564

Најновите истражувања покажуваат дека некои од најчесто користени и навидум позитивни фрази кои им ги зборуваме на децата, всушност, може да бидат многу деструктивни.

И покрај нашите добри намери, тие изјави ги учат децата да престанат да веруваат во себе, да станат лукави, да работат колку што е помалку и да се откажат тогаш кога работите ќе станат премногу тешки.

Ви ја даваме листата на десетте најштетни фрази кои би требало да се исфрлат на речникот, како и алтернативи со кои најдобро би ги замениле.

Се разбира, секое дете е индивидуа за себе, па предлозите не може идентично да се применуваат за секој од нив.

  1. “Браво, добро направено !” – Најголемиот проблем со ова е дека често се зборува и за нешта за кои детето премногу не се потрудило. Тоа ги учи децата дека сѐ е “добро направено”, кога мама и тато така велат. Наместо тоа, обидете се со исказот“Ти навистина се потруди околу тоа!”фокусирајќи се на детскиот труд, дознаваме дека трудот е поважен од резултатите. Тоа им помага на децата да бидат упорни, кога се обидуваат да направат нешто тешко, но и дека неуспехот е само уште еден чекор кон успехот.
  2. “Добро момче (или девојче)!” – Оваа изјава, иако кажана со добри намери, всушност, има спротивен ефект. Повеќето родители велат дека тоа би ја поттикнало родителската самодоверба, но кога децата ќе слушнат “добро момче!”, откако тие направиле нешто што сте побарале од нив, претпоставуваат дека тие се “добри” само затоа што тие го направиле она што сте го побарале. Обидете се наместо тоа да кажете,“Јас многу те ценам кога соработуваш!”. Тоа им дава на децата информација за тоа што сакате. Можете дури сосема да ги изоставите чувствата и да кажете “Видов како ја споделуваш играчката со пријателот.” Тоа му овозможува на детето само да одлучи дали споделувањето е “добро” и да му овозможи да го повтори однесувањето, поради својата внатрешна мотивација, наместо тоа го прави само за да ве задоволи.
  3. “Каква убава слика!” – Кога ќе им ги понудиме нашите проценки за уметничката работа на детето, не им обезбедуваме можност самите да просудат и да проценат што направиле. За промена, пробајте“Гледам црвена, жолта и сина! Што можеш да ми кажеш за својата слика?” Ако само го наведете она што го гледате, без да ја проценувате вредноста, му овозможувате на вашето дете само да одлучи дали е сликата убава или не е. Ако го прашате за неа, вие го наведувате да почне да ја прооценува својата работа.
  4. “Престани веднаш, или …” – Заканите на детето скоро никогаш не се добра идеја. Како прво, ги учат на вештините кои не сакаат да ги имаат: способност да користат брутална сила или итрина за да го добијат она што го сакаат. Како второ, се ставате во лоша позиција кога мора да ги спроведете заканите кои сте ги кажале во лутина, или можете да се повлечете и на детето да му дадете до знаење дека вашите закани се празни. Во секој случај не ги добивате резултатите кои сакате да ги добиете и му штетите на вашиот однос со детето. Иако е тешко да одолеете на желбата да му се заканите на детето, обидете се да го пренасочите кон нешто друго.“Не е во ред да го удираш твојот брат. Загрижен сум дека тој ќе биде повреди, или дека ќе ти врати и ќе те повреди тебе. Ако веќе сакаш да удираш нешто, удри ја перницата или каучот или креветот. “
  5. “Ако бидеш _____, тогаш ќе ти дадам ______.” – Поткупот на детето е лошо, бидејќи го обесхрабрува да соработува со чувство на единство и љубов. Таквиот начин на соработка лесно станува сѐ полошо и полошо и наскоро ќе слушнете нешто како: “Не! Јас нема да ја исчистам својата соба освен ако не купиш Лего коцки! “. Наместо тоа, обиде се со“Ти благодарам многу за помошта при чистењето”. Кога ќе понудиме искрена благодарност, децата се мотивирани да продолжат да помагаат.
  6. “Ти си толку паметен!” – Кога велиме дека децата се паметни, мислиме дека им помагаме да ја зајакнат самодовербата. За жал, резултатите се обично спротивното. Кога им зборуваме дека се паметни, ненамерно им зборуваме дека се паметни само кога ќе добијат добра оценка или ќе постигнат некоја цел, што е голем притисок врз младата личност. Истражувањата покажуваат дека ако им кажеме на децата дека се паметни, откако ќе ја решат загатката, помалку е веројатно дека ќе се обидат да решат посериозна загатка. Тоа е затоа што децата се плашат дека ако тие не бидат успешни, повеќе нема да мислиме дека се “умни”. Наместо тоа, обидете се да му кажете на детето дека ги цените нивните напори,“Леле, навистина многу се потруди околу тоа”.Фокусирајќи се на трудот, а не на резултатот, му покажувате на вашето дете што е навистина важно.
  7. “Не плачи”. – Не е лесно да се биде покрај дете со солзи во очите. Но, кога ќе кажете нешто како, “Не плачи”, ги девалвирате нивните чувства и им зборувате дека нивните солзи се неприфатливи. Така, децата учат како да ги потиснуваат чувствата, што подоцна може да резултира со голем емотивен излив. Кажете нешто како, “Во ред е да се плаче. Секој треба понекогаш да плаче. Јас ќе бидам тука за да те сослушам “. Можете дури и да вербализирате чувства кои вашето дете ги има,“Ти си навистина разочаран од тоа што не одиме во моментов во паркот, нели?”Ова може да му помогне на вашето дете подобро да ги разбере своите чувства и да научи да ги вербализира порано отколку што инаку би го направил.
  8. “Ветувам …” – Прекршени ветувања секогаш болат. Многу. А со оглед на тоа дека животот е очигледно непредвидлив, најдобро би било целосно да го исфрлите тој збор од вашиот вокабулар. Изберете наместо тоа, секогаш да бидете супер искрен со вашето дете,“Знам дека навистина сакаш да одиш да си играш со пријателите овој викенд и ние навистина ќе се обидеме тоа да го оствариме”. Но, не заборавајте дека понекогаш се случуваат непредвидени работи, па не можам да гарантирам дека тоа ќе се случи оваа недела. Но, тогаш навистина потрудете се тоа и да се оствари.
  9. “Тоа не е ништо.” – децата често вреднуваат нешта кои на возрасните им се чинат мали и безначајни. Па обидете се да ги набљудувате работите од детско катче. Сочувствувајте се со нив, дури и при поставувањето граници или кога ги одбивате нивните барања. “Знам дека навистина сакаше тоа да го правиш, но денес, за жал, нема да биде возможно” или“Жал ми е што си разочаран, но одговорот е не”, носи многу повеќе почит од обидите на убедување на децата дека нивните желби не се од суштинско значење.
  10. “Зошто тоа си го направил?” – Ако вашето дете направило нешто што не ви се допаѓа, вие дефинитивно треба да разговарате со него за тоа. Но, не го прашувајте веднаш, додека сѐ уште сте лути, зошто го направил таа што го направил. Прашувајќи го: “Зошто?” вие го присилувате да го анализира своето однесување, за што се потребни напредни вештини, дури и за возрасните. Соочени со тоа многу деца ќе се затворат и ќе стане дефанзивно. Пробајте наместо тоа да ги отворите линиите на комуникација, обидувајќи се да погодите што чувствува вашето дете и кои се неговите потреби.“Дали си лут затоа што другарчињата не ги слушнаа твоите идеи?”Обидувајќи се да разберете што вашето дете чувствува и што му треба, вие можеби дури ќе забележите дека и вашата нервоза се намалува.