Првите зимски празници со бебе

425

Новогодишните и божиќните празници се вистинско време за создавање на скапоцени семејни спомени. Вашето бебе нема да се сеќава на својата прва елка и подароците, но сепак треба да се погрижите да му ги обезбедите овие убави моменти.

Почнете ја семејната традиција, уживајте во секој ден и детал и сочувајте дел од празничната атмосфера преку фотографии, видео снимки и специјални подароци.

Направете план за дружење

Веројатно за време на празниците ќе се видите со повеќе луѓе, но не заборавајте сите тие дружења да ги усогласите со вообичаениот ритам на спиење на бебето.

Опкружете се со семејството

Дури и доколку за време на празниците не сте во можност да бидете со семејството, сепак обидете се тие да заземат важно место во вашето опкружување. Ставете во домот фотографии од вашите драги личности и од поширокото семејство. Доколку имате време направете семејно стебло од фотографии. Покажате му на бебето кои се тие драги личности и како се викаат.

Почнете ја семејната традиција

Опуштете се и уживајте во моментите поминати со семејството.  Сега е вистинското време да ги почнете семејните ритуали. Сите обелечете празнични пижами, фотографирајте се, заедно отворете ги подароците.

Посветете му еден ден само на бебето

Најубавиот подарок, кој можете да му го пружите на детето е времето. Потрудете се барем еден ден за време на празниците да му го посветите целосно на детето. Излезете во парк, игротека или на ручек. Детето ќе биде воодушевено од специјалното внимание, а вас тие моменти ќе ви останат во сеќавањето за цел живот.

Фотографија со Дедо Мраз

Бидете подготвени дека бебето, можеби ќе се исплаши од чичкото со брада во црвена облека, но фотографиите со Дедо Мраз не задолжителен новогодишен спомен.

Специјален подарок

Подарете му на бебето специјален подарок, кој ќе го цени кога ќе порасне, а кој може понатаму да му го подари на своето дете. Тоа може да биде вреден накит, чаша со датум или некоја скапоцена играчка.

Декорирајте го домот

Немојте да заборавите да ја декорирате и собата на бебето. Децата сакаат светкави работи и сигурно ќе уживаат во таа атмосфера.

Составете список на подароци

Доколку очекувате новогодишни подароци за бебето од пријателите и роднините, испратете им список со работи, кои би го израдувале вашето бебе. На тој начин на вашите блиски ќе им помогнете во изборот.