Женидбата може да го продолжи животот – полигамијата го скратува!

34

Истражувањата покажуваат дека женидбата може да го продолжи животот, но ако имате повеќе од една жена, може сериозно да се загрози здравјето.

Да се биде женет се покажа како сигурен начин да се подобрат шансите за долг живот, но ако имате четири жени, шансите се 5 пати поголеми за да заболите од срцеви заболувања, што може да биде поврзано со емоционални и финансиски притисоци.

“Постојат податоци дека женетите мажи имаат подобра севкупна здравствена состојба и долговечност, но последните студии покажуваат дека полигамијата може негативно да влијае на кардиоваскуларното здравје, вели д-р Amin Daoulah, кардиолог од Саудиска Арабија.

ИСТРАЖИВАЊЕ

Студијата, која беше презентирана на Конгресот за кардиологија на Азиското пацифичко општество во 2015 година, испитува поврзаност помеѓу присуството и сериозноста на коронарните болести и бројот на жени.

Научниците ги анализирале пациентите од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои биле болни од ангина пекторис. Женетите мажи (687 испитаници) биле на возраст од 59 години. Од нив, 56% имале дијабетес, 57% висок крвен притисок, а 45% во минатото боледувало од коронарна артериска болест.

Точно две третини од мажите имале по една жена (68%), додека 19% имале по две жени, 10% три жени и 3% имале четири жени.

Се претпоставува дека мажите со повеќе од една жена биле постари, живееле во рурална средина, имале поголеми приходи и имале историја на поставување на бајпас.

ПОВРЗАНОСТА НА ПОЛИГАМИЈАТА СО СРЦЕВИТЕ ЗАБОЛУВАЊА

“Пронајдовме поврзаност на зголемениот број жени и бројни заболувања. Мажите со неколку жени мора да бидат добро финансиски потковани, бидејќи треба да обезбедат и одржат одвоени домаќинства, жени и деца, со што се зголемува финансискиот товар и стресот, што е одразува на здравјето,” вели Daoulah.

Истражувањата покажаа дека полигамните мажи имаат 4, 6 пати поголем ризик да заболат од коронарни болести и 3, 5 пати поголем ризик да заболат од болести на артериите. Исто така, имаат 2, 6 пати поголем ризик да заболат од коронарните микроваскуларни заболувања, што влијае на ѕидовите на помалите крвни садови во срцето.