Исповед | Вечната дилема со која се соочуваат мажите: Како да се биде верен на една жена?

36

Исповед на маж кој живее со две жени!

– Ма, јас немам проблеми со жените. И двете ме слушаат како Бог! – ја започнува приказната за Телеграф 42-годишниот Стеван К. од Батајница, кој вели дека веќе 12 години ужива во мал приватен рај со две жени.

Вечната дилема со која се соочуваат мажите – како да се биде верен на една жена?

На онаа, која сирота од памтивек размислува дали машката потреба истовремено да живее со една, спие со друга, а флертува со трета, е она заради што од бракот бега “како ѓавол од крст”?

– Ма, си немам јас проблем со жените. И двете ме слушаат како Господ! – ја започнува приказната за Телеграф 42-годишниот Стеван К. од Батајница, кој вели дека веќе 12 години ужива во мал приватен рај со две жени!

Да, добро слушнавте, овој трговец си го средил животот “како бомбона” и поддржувач е на идејата дека секој би требало да има живот како неговиот!?

– Не знам како тоа да ви го објаснам. Откако во 12-тата година прв пат сериозно ми се допаднало женско, знаев дека нема да бидам во можност во гроб да легнам сами со една жена… Разбираш што сакам да кажам – вели Стеван влечејќи го првиот чад седејќи на трпезариска маса во прилично богато наместена дневна соба.

– Го гледаш овој мој двор, онаа кола таму? Тоа е мојот свет, а кога ќе го видиш веднаш ти јасно дека имам пари и дека ми се може. Па, и мојот сосед Божидар исто така, би живеел како мене, ако има пари. Но, тој голтар нема за што кучето да го касне. Тешко дека и со онаа една жена може да излезе на крај, а камоли со две. Мојата Рада и Снежана нема за што да се бунат. Така ти е тоа кај нас кои “знаеме” – убеден е Стево раскажувајќи нѝ лесно каде и како тој се сретнал со своите, како што тој ги нарекува, “две јаболка”.

– Прво се сретнав со Рада. Татко ѝ ја донесе во мојот дуќан пред 12 години. Боже, како да беше вчера. Таа имаше 18, чесна девојка. Па, никој на светот не би посакал подобра. Веднаш почна да живее со мене. Откако се “сродив” со неа, не сум се разделил. Ние бевме како “прачка и тапан” – се сеќава Стеван на тоа време.

Нашето: “Па, што тогаш нс по зло?” со испитувачки додаток – зошто веднаш не се оженил со Рада, Стеван го дочека со неодобрување.

– Како тоа мислите – што не било во ред? Па, ништо. Јас не се венчав со неа, бидејќи не сакав да ѝ влевам лажна надеж. Од почетокот знаеше дека нема да ѝ бидам верен. Таков мајка ми ме родила. Таков беше и мојот дедо по татко ми. Ниту, пак, Рада не протестираше. Сè ѝ дадов! Таа живее како кралица!

Само шест месеци подоцна, во куќата дојде и Снежана.

– Ех, мојата Снежана. Нејзе Рада ја донесе. Всушност, таа е виновна – раскажува Стево мангупски.

– Двете се познаваа преку заеднички пријател. Таа дојде во куќата на кафе и остана со нас 12 години – раскажува овој белграѓанец, напоменувајќи дека на почетокот не одело сѐ глатко.

Рада, дознаваме, малку се бунела, но “попуштила под притисокот.”

– Ѝ реков на Рада дека вака е подобро. Таа така секогаш ќе биде сигурна во мојата љубов и ќе знае дека никогаш нема да ја мамам. Мислам дека овие мои зборови ја ослободиле. А, искрено мислам и дека ѝ се допаднало што не одбрав некоја многу помлада. Снежа е тука некоја година горе-долу … Ма, тоа е љубов! Пука на сите страни.

Стеван признава дека има прилично хармоничен однос со неговите две сопруги, нема намера да застане пред матичар, а за двете наведува дека на крајот на денот “задоволни легнуваат во кревет” … Сепак, никогаш и двете во исто време – во Стевановиот!

– Па, ние не сме некои перверзни луѓе! Не можам сега вака за тоа – се смешка дрско Стево и продолжува:

– Имаме ние наш “распоред”. Кога малку повеќе ми се “онака живее” со Рада, Снежа излегува од куќата … Таа знае како да нѐ остави на мира. Исто така, и Рада тоа го први. Ние некако се навикнавме. А да не ви раскажувам како сè сјае покрај двете жени. Рада подобро готви, Снежа пегла “како професионалец” а педантна е страшно … Ми одат лиги на уста кога ќе ми текна на сармите кои ги подготвува Рада …

Децата, според зборовите на Стево, како што стојат работите, “ги нема на повидок.”

– Ние се откажавме од тоа … за сега. Ова е нашата заедничка работа! Всушност, договор – раскажува искрено ова “формално момче” објаснувајќи нѝ до детали што за “среќното семејство” мислат соседите.

– Тоа не е нивна работа! Да имаат пари колку што ги имам јас и тие би го правеле истото. Важно е на жените да им обезбедиш живот, каков што им е потребен и каков што заслужуваат … Моите две јаболка нема што немаат. Не постои фустан, обетки, ѓердани, чевли за кои би заплакале. Сѐ добиваат – и тоа на златна чинија! Додека е така ќе ме сакаат, и да ви ја кажам вистината, и јас ќе ги сакам! Што да правам, таков сум. Таков мајка ме родила. Не велат попусто “Кој умее, на него две” – ја завршува приказната Стево испраќајќи нѐ полека “на пат”.

Нѝ се пристори дека некој ѕирка зад завесата во приземјето од соседната зграда … Да, можеби, сепак, само нѝ се пристори.

Од едно прашање, сепак, не можеме никако да се ослободиме: “Дали е фер да се живее вака со невенчани сопруги или да се биде во брак со една, а да се флертува со друга”?

И, конечно, дали, како што вели Стеван, секој треба да живее, како тој што живее?