8 знаци дека сте во врска со навистина тежок човек

198

Престанете да се самообвинувате ако врската не ви оди! Можеби партнерот во почетокот изгледал самоуверено, шармантно и интригантно, а денес овој човек е премногу непредвидлив, конфликтен, проблематичен, а животот со него е хаос.

Може да мислите дека проблемот е во вас, и дека вие треба да сте трпеливи, грижливи и добри, но всушност да се лажете.

Еве и 8 знаци по кои ќе препознаете дека вашиот партнер е премногу тежок човек, со кого никогаш нема да живеете во мир и хармонија:

1. Не се чувствувате безбедни со него

Ако чувствувате дека не можете да му верувате целосно на овој човек. Ако чувствувате дека не сте безбедни со него, можеби имате добри причини за тоа.Можеби тој веќе покажал лош карактер, ќе видите дека не е лојален или лесно ќе ве предаде и тн.

2. Комуницирате тешко

Всушност комуникацијата со тешките луѓе е сложена и нејасна. Со таков човек ништо нема да ви изгледа постојано. Божем ќе донесувате одлуки заедно, но одеднаш тој ќе го смени мислењето или ќе почне да го негира или превртува. Ова ќе ве натера да се чувствувате како да се движите против ветрот.

3. Тој ги сака конфликтите

Ако овој човек сака да создава конфликти или е темпераментен по природа, тогаш нормално е животот со него да е хаотичен или секогаш да е под напон.

4. Имате чувство дека овој човек не ви дава да го доближите емоционално

Луѓето кои градат ѕид околу себе, се тешки во принцип. Тие не се способни за силни чувства, бидејќи не ги отвораат душата и срцето за нив. Тие изгледаат дистанцирани емоционално или пак се премногу површни.

5. Вие секогаш сте виновни за сè

Ако вашиот партнер се обидува да ве убеди дека вие сте виновни за сите проблеми во врската (а и пошироко од неа), а тие никогаш не се виновни за ништо, не дозволувајте да бидете жртва на оваа заблуда. Тоа не може да биде вистина!

6. Тој не покажува чувства, ниту со зборови, ниту со однесување

Ако вашиот партнер никогаш не ја искажал својата љубов кон вас, ниту пак ја покажува со своите постапки, значи тој веројатно не соодвествува и со вашите идеи, чувства, вкусови и потреби. Кажано со други зборови – овој човек е тежок егоист.

7. Тој одбива да си прави интроспекција (или е неспособен)

Ако вашиот партнер не ја бара никогаш вината во себе при конфликти и проблеми, тоа значи тој или не сака да работи на себе и сопствениот карактер, или е неспособен тоа да го направи. Интроспекцијата е за храбрите луѓе кои сакаат да бидат и да се претворат во најдобрата верзија на себе.

8. Партнерот е премногу смел или има избувливо однесување

Ако живеете со премногу неконтролиран човек, тогаш вие често ќе запаѓате во грижи и паника. Во случај вашиот омилен вечно да е растргнат од флуктуации за апсолутно сè, тоа на вас пак нема да ви е лесно, бидејќи овој човек никогаш нема да може да ви биде потпора.