Веднаш ажурирајте CHROME ! Безбедносен проблем на Google, загрозени три милијарди корисници

1071

Седум проблеми, вклучувајќи го и оној што беше искористен, се опишани како закани од високо ниво.

Google ги повикува корисниците да го ажурираат Chrome откако откриле ранливост што отворено ја искористиле хакери.

Компанијата ја потврди веста на официјален блог минатата недела во кој објасни дека ажурирањето има за цел да одговори на вкупно 11 сериозни безбедносни проблеми, од кои еден резултира со „извештаи дека постои експлоатација за CVE-2022-0609“.

Седум проблеми, вклучувајќи го и оној што бил искористен, се опишани како закани од високо ниво.

Google, во неговото известување,нема дадено премногу информации за искористената ранливост, но во Animation е опишана како use-after-free issue, објавиле Adam Weidemann и Clément Lecigne од Google Threat Analysis Groupe.

Го ограничуваат пристапот до повеќето ажурирања

„Пристапот до деталите и врските за грешки може да биде ограничен додека повеќето корисници не се ажурираат со поправката“, забележале тие.

Повеќето од проблемите биле откриени од надворешни експерти кои биле платени да ги откријат проблемите пред хакерите да ги искористат.

Во соопштението, Google додаде:

„Исто така, би сакале да им се заблагодариме на сите безбедносни истражувачи кои работеа со нас за време на развојниот циклус за да ги спречиме безбедносните грешки да стигнат до стабилен канал. Google е свесен за извештаите дека експлоатацијата за CVE-2022-0609 постои во дивина“.

Иако доби извештаи за искористување на една ранливост, за среќа не се смета дека хакерите активно го злоупотребиле огромното мнозинство од 11-те проблеми.

Оние кои нема да ажурираат би може да станат мета на хакери кои би можеле да се фокусираат на Chrome поради неговата широка употреба од 3,2 милијарди корисници ширум светот на десктоп и мобилни уреди, пишува Forbes.