Модерното време донесе и модерен начин на комуникација. Многу млади луѓе избираат еротско допишување со своите партнери, популарно наречено „секстинг“.
Во време кога младите луѓе студираат или работат и немаат многу време за реални средби, „секстингот“ го користат за онлајн-состаноци со личностите со кои флертуваат или се романтично или сексуално заинтересирани едни за други.
Но, според сексолозите и психолозите, оваа појава може да има и негативни последици, особено по менталното здравје, поради следниве причини:
Несакан „секстинг“
Многупати секстањето се одвива меѓу личности што физички се немаат сретнато. Од една страна анонимноста ги прави посигурни и порелаксирани, но од друга страна може да биде подеднакво стресен како и кога во реалноста сте присилени да правите нешто што не сакате.
Притисок од партнерот
Бидејќи на некој начин ова е сексуално задоволување, но без физичко присуство, може да се случи едниот од партнерите да почувствува притисок дека мора да испрати своја секси фотографија или да врати со иста мера, дури и кога не е расположен за тоа.
Продолжува на страна 2