Директорите на училиштата во Франција не смеат да им испраќаат меилови или смс пораки на вработените по работното време

410

Ништо не може да го уништи убавиот викенд или празник како меил од работа. Дури и ако нема потреба да преземете акција до понеделник, сепак, несаканите упади на професионалниот живот навистина може да ви го уништи неделното попладне.

Токму затоа Франција на своите вработени им дава 30 слободни денови во неделата и 16 неделно платено работно отсуство, а сега воведува и закон во кој вработените имаат право на онлајн отсуство.

Ако училиштето (компанијата) има 50 вработени или повеќе, тогаш шефовите не смеат да им испраќаат меилови на нивните вработени после работните часови. Амандманот се појави бидејќи истражувањата покажаа дека дигиталната ера на луѓето им отежнува да се дистанцираат од работното место после работа. Новиот закон им овозможува на луѓето да добијат максимално слободно време.

„Сите истражувања покажуваат дека стресот поврзан со работата е на многу повисоко ниво денес отколку што беше во минатото, и овој стрес е постојан“, изјави Беноит Хамон од Националното собрание на Франција. „Вработените физички ја напуштаат канцеларијата, но не ја напуштаат работата. Тие остануваат поврзани со работата со „електронскиот синџир“, додава тој.

Новиот закон предвидува училиштатат (компаниите) да преговараат за политиката со која се ограничува работата со приватниот живот на своите вработени. Иако не постојат казни за училиштата (компаниите) кои го кршат амандманот, тие треба да воспостават повелба во која ќе го утврдат времето кога вработените се слободни и се дигитално ослободени од нивните работни места.

Правото да се исклучат од онлајн светот е донесен како дел од контроверзниот француски закон за работни односи, а некои велат дека со тоа ќе се намалат униите и ќе се зголеми несигурноста на работните места и вработените.

Дигиталната исклученост е дел од законот на кој француската јавност гледа доста позитивно.