Водич за здрава исхрана без многу готвење

735

Животот на успешните деловни дами не е едноставен, поради преокупираната агенда, но здравиот начин на живот е секако задолжителен.

Можеби немате доволно време за да се посветите на готвењето, а сепак сакате вие и вашето семејство да консумирате здрава храна.

Затоа, ќе ве израдуваме со овие совети кои ќе ви помогнат да подготвувате здрави оброци без многу готвење.

Подгответе го основиот прибор

Најважната работа за здрави оброци без многу готвење е секогаш да ви бидат подготвени на достапно место најважните алатки потребни за готвењето. Тоа се острите ножеви, отворачот за конзерви, термометар за месо, садовите за мерење и слично.

Зрнестата храна е важна

Зрнестата храна, како кафеавиот ориз, кус-кус или овесот се основата за голем број на различни рецепти, затоа трудете се повеќе да ги употребувате, а сѐ што е потребно е само да одвоите малку време за да ги сварите во вода.

Зачинувајте ја храната

Многу е важно во вашата кујна секогаш при рака да имате сол, бибер, лук, кромид, лимон, маслиново масло и лимета. Веќе е познато дека секоја храна е многу повкусна кога ќе додадете некаков зачин. Исто така, во зависност од тоа каков е вашиот вкус можете да купите и куркума, ѓумбир, мајчина душица, рузмарин и слично.

Секогаш пазарувајте со претходно подготвена листа

Готвењето започнува откако ќе одлучите што ќе јадете наредната недела. Секогаш, пред да одите во супермаркетот направете листа со сите намирници кои ќе ви бидат потребни за подготовка на јадењата во текот на наредните денови. На тој начин нема да губите многу време лутајќи низ маркетот, а кога ќе ја подготвувате храната ќе ги имате сите потребни работи.

Овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот не се само дел од балансираната исхрана, поголемиот дел се совршени сирови, со што нема потреба од готвење за да можете да ги консумирате. Дури и кога станува збор за готвење на зеленчукот, едноставно ставете го на тивок оган со малку маслиново масло и вашиот оброк е спремен.

Апарати за бавно готвење

Дефинитивно еден ваков апарат ви е потребен во домот. Ќе можете да уживате во вкусна храна, а апаратот за бавно готвење ќе ви ја подготви.

Гответе за повеќе денови

Секако дека немате сила секоја вечер да подготвувате храна за наредниот ден, затоа одеднаш подгответе оброци за повеќе денови. На пример, јадењето кое е наменето за наредниот ден, подгответе го во поголема количина, така што ќе можете да го јадете 2-3 дена.

Позитивен став

Секогаш бидете исполнети со позитивна енергија и најдете начин да уживате во готвењето. Ако готвите намуртени, тогаш никогаш нема да уживате во тоа, а и храната нема да испадне вкусна. Затоа, забавувајте се во кујната!