Мотивирачки цитати на познати личности

2365

На почетокот на новата година, речиси секоја личност размислува за тоа какви промени сака да направи во приватниот живот и кога станува збор за кариерата.

Но, вистината е дека промените знаат да бидат тешки и понекогаш не е доволна само големата желба, туку е потребен и голем труд. Треба навистина да се посветите и да се трудите, доколку сакате да го постигнете тоа што сте го замислиле.

Понекогаш е потребно малку инспирациja, а овие неколку цитати ќе ве мотивираат за подобри промени.

Излезете од историјата која ве влече наназад. Влезете во нова приказна којашто вие самите ќе ја креирате. Опра Винфри

Тешките денови, моментите кога се соочувате со големи предизвици, се тие кои ве дефинираат како личност. Шерил Сендберг

Без разлика на тоа дали мислите дека можете или не можете, во право сте. Хенри Форд

Јас самата не можам да го сменам светот, но можам да фрлам камен кој во водата ќе направи повеќе бранувања. Мајка Тереза

Единствената личност која ви е судено да бидете е личност којашто ќе одлучите да бидете. Ралф Валдо Емерсон

Ако нешто не ви се допаѓа, сменете го. Ако не можете да го смените, тогаш сменете го вашиот став. Маја Ангелу

Личноста која никогаш не направила грешка, никогаш не пробала нешто ново. Алберт Ајнштајн

Ако не ви се допаѓа патот по кој одите, тогаш создадете нов. Доли Партон

Сменете ги вашите мисли и ќе го смените вашиот свет. Норман Винсент Пил

Верувајте дека можете и веќе сте на пола пат. Теодор Рузвелт

Ако никогаш не ризикувате, тогаш ризикувате уште повеќе. Ерика Јонг