Луѓето кои дремнуваат попладне се попродуктивни

52

Многу западни компании, особено во IT секторот, почнаа да ја промовираат попладневната дремка меѓу вработените и дури им обезбедиле услови за овој тип одмор – соби за релаксација, лаунџ софи, фотељи и т. н.

Според психологот Мајкл Бреус, лесниот сон носи многу придобивки за човекот.Според Бреус, 25- до 30-минутната дремка, дури и за време на работа, може да ја поврати енергијата на лице и до крајот на работниот ден тој да е многу продуктивен.

Затоа, кога сте навистина уморни, искористете ја моќта на дремката, додека ја имате таа можност. Еве што велат истражувањата на темата:

1. Дремката го намалува нивото на хормонот на стресот.

Кортизолот во суштина е хормонот на стресот. Според Манди Окландер 15-минутната дремка во текот на работниот ден може да ја намали секрецијата на кортизол во телото на половина! Ако се чувствувате многу напнати или ви претстои важен бизнис состанок, одвојте си 20 минути за да дремнете, може да е дури и за време на паузата за ручек . Штом се разбудите ќе се чувствувате помалку загрижени. Само не заборавајте да го поставите алармот на вашиот телефон!

2. Дремката го спречува преморот.

Според ABC News, истражувачите од Харвард го докажаа постоењето на “изморениот службеник”. Тоа се работници кои кон крајот на денот се чувствуваат многу уморни и работат со доста намалена продуктивност. Резултатите на научниците покажуваат дека 30-минутната дремка ја подобрува продуктивноста на истите тие работници и тоа е добро за целата компанија.

3. Само бидете сигурни дека не спиете предолго.

Важно е да се обрне внимание дека зборуваме за ДРЕМКА, не за хибернација. Секој човек може да си дозволи да доза на пладне, па дури и може да го направи тоа во својот автомобил. Дремаката ќе ги наполни батериите и тој ќе се врати на своето биро поенергичен. Сепак не почивајте повеќе од 30 минути, бидејќи ќе влезете во циклусот на длабокиот сон. Ако се разбудите, да речеме по 90 минути, ќе се чувствувате помалодушно и уморно од пред дремката.