Најдобрите градови за живеење во 2020 година

325

Списокот, кој вклучува 48 градови, е составен врз основа на осум параметри, вклучувајќи го и одговорот на пандемијата на корена вирусот.

Global Finance Magazine состави список на најдобри градови за живеење врз основа на осум параметри, вклучувајќи го и одговорот на пандемијата на вирусот корона.

Параметрите се: економска моќ, истражување и развој, културна интеракција, чистота, животна средина, пристапност (транспорт и инфраструктура), BDP по глава на жител и број на смртни случаи од КОВИД-19 на милион жители.

Токио ја освои титулата најдобар од најдобрите. Јапонската престолнина победи „поради генерално високите резултати во сите параметри, како и добрата реакција на КОВИД-19. Постојат многу малку случаи на заболување во цела Јапонија, развиен транспортен систем и генерално висок квалитет на живот“, пишува „Global Finance“.

И, целата листа изгледа вака:

1. Токио, Јапонија

2. Лондон, Велика Британија

3. Сингапур, Република Сингапур

4. Њу Јорк, САД

5. Мелбурн, Австралија

6. Франкфурт, Германија

7. Париз, Франција

8. Сеул, Јужна Кореја

9. Берлин, Германија

10. Сиднеј, Австралија

11. Хонг Конг, Кина

12. Копенхаген, Данска

13. Виена, Австрија

14. Амстердам, Холандија

15. Хелсинки, Финска

16. Цирих, Швајцарија

17. Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Продолжува на страна 2