Сексистичка студија која ги шокира жените

1133

Жените во ’50-те години од минатиот век имале повитки фигури, поради тоа што работеле повеќе домашни работи, тврди група експерти од Велика Британија.

Во истражувањето биле вклучени осум илјади анкетирани мажи и жени, а во предвид било земено дневното внесување на калории и сантиметрите на половината на испитаниците. Податоците потоа се споредувале со статистиката за луѓето од 1952 година.

Пред точно шест години обемот на женската половина во просек изнесувал 71,12 сантиметри, додека денешниот просек е 86, 36 сантиметри, што се неверојатни 15 сантиметри повеќе.

Овие експерти тврдат дека причината за тоа што жените во просек се подебели во споредба со ’50-те години од минатиот век е фактот дека жените тогаш согорувале и до илјада калории дневно, работејќи домашни работи, а на денешните жени работата им е олеснета поради различните апарати и помагала во домаќинството.

Студијата, која е спроведена во 1965 година покажала дека невработените жени тогаш трошеле 25,7 часа неделно на домашни работи, вклучувајќи ја и грижата за децата, додека жените во 2010 година на домашни работи потрошиле се на се 13,3 часа.

Многумина оваа студија ја нарекоа сексистичка и погрешна, но др. Рос Алтман, кој го водел ова истражување, изјави дека резултатите имаат логика, бидејќи во 1950 година повеќето жени немале машина за перење алишта и тие при одржувањето на домот трошеле значителен број калории во текот на денот.

Според таа студија значи жените не треба да се оптоваруваат со теретани, трчање и диети, се што треба да прават е да одат на работа и да го одржуваат домаќинството на старомоден начин.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.