Синот посакал да знае повеќе за љубовта и побарал совет од мајка му.
Начинот на кој таа му објаснила е нешто за што добро треба да размислите.
Мајката и детето одат по плажа. Во еден момент, момчето праша:
“Мамо, како се чува љубовта?”
Мајката го погледнала и му рекла:
“Земи малку песок и стисни го во тупаница.”
Момчето ја стегнало тупаницата и колку повеќе стискало, толку повеќе песок протекувал од дланката.
“Но, мамо, песокот ми бега.”
“Знам, сега целосно отвори ја дланката.”
Момчето послушало, но во тој момент ветрот дувнал и го однел сиот песокот од дланката.
“Не успевам да го задржам песокот.”
На тоа мајката со насмевка на лицето рекла,
“Сега, земи малку песок во раката и држи ја дланката во форма на лажица, доволно затворена да го заштитиш, а доволно отворена за да биде слободен.”
Момчето направило како што му било кажано и песокот му останал на дланката, доволно заштитен од ветерот и доволно слободен да лизга низ прстите.
“Ете како се чува љубовта.”
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување



















