Домаќинка – професија што изумира

873

Иако во изминатите 20 години во Велика Британија скоро е преполовено, сепак и покрај тоа, многу жени тврдат дека повеќе би сакале да останат дома и да се грижат за семејството и домаќинството, отколку да одат на работа и да се унапредуваат во својата кариера

Истражувањето на британската канцеларија за статистика открива дека пред 20 години околу 17 отсто од работо – способните жени во Велика Британија биле домаќинки, додека таа бројка во 2002 година паднала на 12 отсто. Денес помалку од 10 отсто од жените остануваат дома и се одлучуваат да бидат домаќинки.

Иако голем број на жени сакаат да имаат кариера и избалансиран приватно – работен живот, се повеќе ги има оние кои би се откажале од кариерата и би се насочиле кон одгледување и воспитување на деца, како и одржување на домаќинството, но работат бидејќи себе си не можат да си дозволат да бидат само домаќинки.