Вклучете ги овие намирници во вашето секојдневно мени

105

Ако страдате од слабокрвност, покрај препораките на лекарот, треба и да направите одредени промени во исхраната.

Секако, железото можете да го внесувате и преку додатоци во исхрана. Но, кога е природниот начин во прашање, прво на памет ви паѓа да вклучите повеќе спанаќ.

Но, би се изненадиле кога би знаеле дека има барем 10 други намирници кои се побогати со железо, отколку живиот спанаќ.

Затоа, за да ја подобрите крвната слика, а во исто време и да внесете и други важни хранливи материи.

Така, во вашата исхрана вклучете говедско месо, пилешки копани, суви кајсии, леќа, чиа семе, индиски ореви, грав, семки од тиква и црно чоколадо.