Помага ли кофеинот при главоболка?

79

Кофеинот некогаш навистина помага да се смири главоболката, но некогаш и ја влошува. Тоа зависи од многу фактори, меѓу кои и вашите секојдневни навики.

Кофеинот најмногу помага при главоболки предизвикани од ширењето на крвните садови во мозокот, бидејќи помага и во нивното стеснување.

Исто така, може да ве ослободи и од тензичната главоболка. Во овој случај не смеете да претерате со количината, бидејќи премногу кофеин ја влошува тензичната главоболка.

Тој различно делува врз секого, па не можете да очекувате дека постои доза која е ефикасна. Можеби ако вам ви е доволна една шолја кафе, на некого да му требаат само две голтки за да се почувствува подобро.

Важно е и да знаете дека различно влијае и изворот на кофеинот. Најдобро е да ги избегнувате енергетските пијалаци. Многумина се согласуваат дека при вакви главоболки кафето е најдобар избор.