Тие се квалификувани како дрога, кои не се прифатени од медицината и не се легални.
Постојат сведоштва дека “магични печурки” може навистина да помогнат за ослободување на умот. Неколку студии, вклучувајќи две неодамнешни ветувачки клинички истражувања сугерираат дека псилоцибинот – психоактивни состојка во печурките – може да има потенцијал за олеснување на анксиозност и депресија во тешки форми, пишува Science Alert.
Но, и покрај тоа печурките се класифицирани како дрога која “не е прифатена за медицинска употреба” и се нелегални. Не им беше лесно за научниците да утврдат точно што можат да прават, а што не.
Еве неколку начини на кои печурките можат да влијаат на мозокот и телото:
Можат да ве натера да се чувствувате добро
Според Националниот институт за дрогата во САД, печурките можат да доведат до чувство на релаксација, слично на ефектот од марихуаната.
Како и другите халуциногени дроги, како LSD или Пејот, се смета дека печурките влијаат на истите нервни патишта како невротрансмитер серотонин, посочуваат од институтот.
Тие дејствуваат врз префронталниот кортекс на мозокот, кој го регулира апстрактното размислување и игра клучна улога за расположението и перцепцијата.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продлжува на страна 2