Вежба за заздравување на организмот

1996

Секојдневната гимнастика е важна, бидејќи го подобрува нашиот тонус, нè одржува во добра форма. Има една вежба што секој од вас ја направил барем еднаш. Се нарекува “свеќа”. Во Индија и Тибет, вежбата се нарекува “sarvangasana”.

Според источната филозофија за добро здравје, оваа вежба има голем број на бенефиции, ако ја правиме редовно. Се разбира важно е однапред да ги загрееме сите мускули во телото. Еве како и зошто да ја применувате.

Легнете на грб и исправете ги нозете, а во исто време рацете треба да се покрај телото, дланките треба да се допрени на подот.

За да не ги напрегнувате мускулите на стомакот и за да може да дишете рамномерно, подигнете ги нозете под прав агол во однос на телото.

Рацете продолжуваат да се на подот. Во оваа позиција се држите неколку секунди, а потоа поставете ги рацете во долниот дел на грбот и започнете да ги покренувате и исправате нозете.

Полека, дишете рамномерно, исправете го телото така што на подот ќе бидат само главата, вратот и рамото до лактот.

Во таква положба почекајте 2-3 минути, а потоа полека ќе се вратите во првобитната позиција.

Многу е важно цело време да дишете рамномерно. Откако ќе се вратите во првобитната позиција почекајте неколку секунди, а потоа исправете се.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Прдолжува на страна 2