Детоксикација на природен начин

809

По зимскиот период и со натрупани масни слоеви во организмот, нема ништо поубаво од тоа да го исчистиме телото од штетните токсини, но и да ја намалиме телесната тежина.

Како да се случи ова?

Прво правило – со повеќе вода. Голем број истражувања покажуваат дека без вода не можеме да сме ниту здрави, ниту убави. Подобро да го почитуваме класичниот совет со најмалку 8 чаши вода на ден. Покрај тоа, според научниците од Loughborough University, да сме дехидрирани е исто како да сме пијани. Неслучајно експертите советуваат на пат секогаш да носиме вода со себе и да не седнуваме зад воланот жедни.

Оние кои не сакаат особено многу вода, можат да додадат парче лимон или друг свеж плод, кој ќе ја направи повкусна.

Се разбира, потребна е и физичка активност. Не е потребно да се потиме во салата, можеме да одиме на јога или на танцување, па дури и на шопинг. Најважно е телото да се движи.

Придобивките се неспоредливи – повеќе здравје, повеќе убавина, здраво срце и долговечност.

Експертите препорачуваат минимум 150 минути физичка активност неделно преку различни активности. Како што вели д-р Ник Кавил: Ако вежбите беа една пилула, сите други лекови требаше да отпаднат.

Исклучително корисно е и да се јаде супа. Таа е одличен избор за секој оброк од денот и тонизира, особено во овие ладни денови. Главната придобивка е дека супите содржат зеленчук, кои од своја страна се важен извор на хранливи материи како витамини, минерали, калиум, влакна и фолна киселина.

Убаво е да пиеме и повеќе зелен чај. Тој е идеална замена за кафето и е сметан за еден од најздравите пијалаци на планетата. Тој е “преполн” со антиоксиданси и хранливи материи и освен тоа го забрзува метаболизмот.

И еден од златните совети – свежо овошје и зеленчук! Колку повеќе – толку подобро.

Пожелно е исто така да заборавиме барем за кратко за лебот, слаткото и мрсна храна. Ефектот наскоро ќе биде присутен.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.