Салата со модар патлиџан и пиперки

2204

Потребно

  • 2 модри патлиџана
  • 1 црвена пиперка, печена
  • 1 жолта пиперка, печена
  • 2 домати
  • 2 чешниња лук
  • 4-5 лажици маслиново масло
  • сол
  • црн пипер
  • 1 лажица балсамик оцет
  • 3 страка свеж магдонос, ситно сецкан
  • 1 глава црвен кромид

Подготовка

Лукот се толчи добро. Модриот патлиџан се пече заедно со пиперките. Потоа модриот патлиџан се сече на коцки, а пиперките на Џулиен. Ставете во соодветен сад. Останатот зеленчук останува свеж и се сече според вкусот.

Полејте со маслиново масло и оцет. Посипете со зачините и сервирајте ја салатата со магдонос.