20 мудри мисли на Чехов | Честа не може да се одземе, таа може само да се изгуби

242

Основач на психолошкиот реализам во драмата, но и во литературата, тој успеал да го изнесе на виделина она што го прави животот на една личност проблематичен, комплициран и тежок.

Антон Павлович Чехов бил еден од најважните руски писатели на раскази и драми од еден чин.

Роден е во Таганрог на 29 јануари 1860 година, а починал на 15 јули 1904 година. Студирал медицина на Московскиот универзитет и бил доктор, а пишувал уште од средношколските денови, кога почнал да објавува написи и текстови во весниците.

Неговите најпознати и најзначајни дела се: „Чичко Вања“, „Галеб“, „Три сестри“.

Генијалниот раскажувач оставил зад себе многу мудри мисли.

  • Доброто воспитување не е да не истуриш сосот врз чаршавот, туку да не забележиш ако некој друг го направи тоа.
  • Колку е убаво да седите дома кога дождот дроби по кровот, и кога знаеш дека во тој дом нема досадни луѓе.
  • Човек живее цел живот, учи цел живот, но дури несреќа ќе нè научи!
  • Поентата не е во песимизмот, и не е во оптимизмот, туку во фактот дека деведесет и девет појави немаат мозок.
  • Ако не знаеш што чувствуваш према човекот – затвори ги очите и замисли дека го нема. Никаде Го нема, ниту ќе го има. Тогаш сè ќе ви биде јасно.
  • Не можете да побарате од калта да не биде кал.
  • За да чувствувате среќа без престан, дури и во моменти на тага и жалост, треба: а) да знаете да бидете задоволни со сегашноста и б) да уживате во сознанието дека може да биде и полошо.
  • Денес е прекрасен ден. Дали да се пие чај или човек да се обеси.
  • Сè знаат и сè разбираат само будалите и аферистите.
  • Една болка секогаш ја намалува другата. Стапнете ја мачката на опашка и веднаш ќе и биде полесно.
  • Стотици милји празни, еднолични, изгорени степи, не можат да предизвикаат толку длабока депресија како еден досаден човек кога седи, разговара и не се знае кога ќе замине.
  • Ако сакаш да имаш малку време – не работи ништо.
  • Не треба да им пречите на луѓето да лудуваат.
  • „Циник“ – е грчки збор, преведен на твој јазик: свиња, која сака цел свет да знае дека е свиња.
  • Добар човек чувствува срам и пред куче.
  • Да се “Запознајте сами” – е добар и корисен совет; штета што никој не прецизира како се применува овој совет.
  • Животот е, всушност, многу едноставна работа и човек треба да вложи многу труд да ја расипе.
  • Честа не може да се одземе, таа може само да се изгуби.
  • Љубовта дава крилја, но и ги поткратува.
  • Кога сонцето сјае и на гробиштата е весело.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.