Овен
Овните не сакаат многу заобиколуваат, па доколку им се допаѓате најверојатно тоа и отворено ќе ви го кажат. Но, доколку се решат да играат на картата таинственост, тогаш обрнете внимание на нивните нервозни движења и туфкања. Тоа не се знаци дека сакаат да бидат на друго место, туку дека сакаат да појдат некаде, но за да бидат со вас.
Бик
Биковите најчесто се традиционални и конвенционални, па доколку им се допаѓате тие ќе ви се додворуваат на класичен начин. Прашањата за вашата омилена боја, цвеќе и храна се знаци дека тие планираат да ве однесат на вечера и да го организираат совршениот состанок.
Близнаци
Близнаците се флертувачи чии умови се вечно будни и активни, а сакаат да разговараат со сите што ќе ги запознаат на најразлични теми. Затоа малку е тешко да се препознае кога точно флертуваат со вас. Најдобар начин да забележите дека флертуваат е кога покрај вообичаениот разговор, почнуваат да поставуваат лични прашања за да дознаат нешто повеќе за вас.
Рак
Раковите најчесто се ориентирани кон семејството, па доколку кон вас почнат да се однесуваат емпатично, тогаш ви фрлиле око. Доколку почнат да се однесуваат заштитнички, тоа е веќе уште еден чекор напред, а доколку ве повикаат да ве запознаат со нивното семејство, тоа е сигурен знак дека веќе ве гледаат посериозно.
Лав
Лавовите обожаваат да драматизираат,па навистина е тешко да се заклучи дали зад нивниот спектакуларен настап стојат искрени чувства спрема вас или едноставно позирање. Но, сигурни ќе бидете дека им се допаѓате доколку се тргнат настрана и ве остават вие да бидете во центарот на вниманието.
Девица
Тие се логични и практични и нема да си дозволат да ја покажат својата заљубеност со некој преголем гест. Доколку пронајдат време и ве прашаат за вашите чувства и доколку се опуштат во вашето друштво, тоа е одличен знак дека постои нешто поголемо во позадина.
Продолжува на страна 2