Еве што сѐ треба да направите пред да се омажите

289

Страдајте од скршено срце

Скршеното срце и тажно завршената љубовна приказна, може да ве направи многу посилна личност.

Патувајте со идниот сопруг

За да проверите дали можете да се согласувате со партнерот подолго време, потребно е недела-две да поминете заедно, решавајќи ги сите пречки и проблеми кои ќе ви се најдат на патот.

Оставете некого

Без разлика дали тоа ќе биде пријатно или непријатно искуство, фактот дека токму вие сте таа која ставила крај, е навистина мотивирачко

Живејте сами

Или пак со цимерка, но пред бракот добро е да пробате да живеете надвор од дома. Самостојноста е најдобро нешто во таа ситуација, а освен тоа, за време на заедничкото живеење повеќе ќе го цените придонесот што ќе го прави вашиот партнер.

Имајте летна авантура

Може ќе ја прекинете веднаш после летниот одмор, но сеќавањето на неа секогаш ќе биде слатко.

Излегувајте на многу состаноци

Сериските моногамисти неретко чувствуваат дека пропуштиле нешто бидејќи испуштиле многу добри, лоши, смешни и неописливи состаноци

Научете да готвите

Не за да станете домаќинка, туку затоа што тоа е вештина која ви е потребна за да се прехраните.