Еве што предизвикуваат халуциногени печурки на телото и мозокот

1705

Петгодишно истражување врз супстанцата претпоставува дека тоа може да послужи како “хируршка интервенција” за некои ментални болести.

Резултатите од две контролирани клинички испитувања на ефектите на псилоцибинот на пациенти кои се борат со депресија, претпоставува дека една доза од супстанцијата еден ден може да биде моќна алатка за справување со депресијата и анксиозноста.

Првото истражување е спроведено од научници од Универзитетот Џон Хопкинс, а другото – е од тим од Њујоршкиот универзитет.

Шест месеци по преживувањето 80 проценти од учесниците покажаа значително намалување на симптомите на депресија и анксиозност, измерени според златниот стандард на психијатриските истражувања.

Екипата од Њујорк вели дека меѓу 60 и 80 проценти од учесниците доживеале намалување на анксиозноста и депресијата шест месеци по еден психоделичен трип.

Ник Фернандес, учесник од 2014 година, вели дека неговиот трип го повеле на емоционално патување кое му помогнало да види “сила поголема од него”.

“Нешто во мене кликна – вели тој – и сфатив дека сите мои стравови, заштитни механизми и неизвесности не се нешто за што не треба да се секирам.”

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 4