Tорта со јаболкa

4227

Кремаста, лесна за правење и неверојатно вкусна …

Потребно

– за бисквитното тесто

  • 150 гр путер
  • 100 гр шеќер
  • 3 жолчки
  • 150 гр мелени бадеми
  • 100 гр брашно

–  за филот

  • 1 кг јаболки
  • 1 лимон

– за кремот

  • 5 жолчки
  • 200 гр шеќер
  • 6 лажици нишесте
  • 700 мл млеко
  • 2 лажичиња ванилин шеќер

– за шлагот

  • 8 белки
  • 250 гр шеќер во прав

Подготовка

  • Прво подгответе го тестото за кората. Изматете ги жолчките и додадете ги и останатите состојки со постојано матење. Добиената смеса сипете ја во намастен калап за торта и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.
  • Додека се пече тестото подгответе го филот. Јаболките излупете ги и изрендајте ги. Додадете го сокот од лимон и ставете ги на рингла да се динстаат 10-15 минути.
  • Следно подгответе го кремот. Изматете ги жолчките со шеќерот. Додадете го нишестето и измешајте. Ставете го да се вари млекото со ванилиниот шеќер и пред да почне да врие постепено додадете ги изматените жолчки со постојано мешање. Варете го кремот додека да се згусне. Оставете го да се излади.
  • За шлагот изматете ги белките со шеќерот.
  • На млакото бисквитно тесто нанесете го млакиот фил од јаболки, над него млакиот крем и најодозгора шлагот од белки. Ставете го во загреана рерна да се запече 15-тина минути на 180 целзиусови степени.