Водечкиот француски гинеколог Мишел Оден тврди дека жените се загрозени да ја изгубат способноста да раѓаат по природен пат.
Според британскиот весник “Телеграф” 84-годишниот лекар нагласува дека раѓањето стана толку зависно од лековите што жените наскоро нема да можат да раѓаат без нив.
Во својата книга “Потребни ли се акушерки?”
Оден наведува дека денес породувањето трае два и пол часа подолго отколку пред 50 години. Покрај тоа, сѐ повеќе жени раѓаат со помош на лекови и хирургија.
“За мене ова е знак дека жените ја губат способноста да раѓаат”, објасни тој. Според него, сѐ помалку жени раѓаат по природен пат, бидејќи повеќето избираат царски рез.
Оден особено ја критикува употребата на синтетички окситоцин, кој според него, ја намалува способноста на жената природно да го произведува овој хормон.



















